fbpx

BMW ќе го претстави екстремниот М2 во април

Германскиот производител на автомобили BMW официјално ќе го претстави својот M2 во април оваа година

Производството ќе започне еден месец подоцна, а првите автомобили ќе бидат доставени до купувачите во јули, објави BMW Blog…

Новото екстремно купе BMW M2 Competition е еден од најочекуваните нови баварски автомобили за 2018 година. Неговата цел е да го доведе спортскиот дух на М2 на нови, повисоки нивоа. Досегашниот 6-цилиндерски N55 мотор со две турбини и со капацитет од 3.0 литри ќе го отстапи местото на преработениот S55 мотор кој ги има истите компоненти со кои располагаат М3 и М4.

M2

Поради полесното купе, инженерите ја намалија моќноста на единицата од 431 на 405 КС. Менувачите се механички со 6 брзини и 7 брзински роботски M- DCT. За BMW M2 Competition се подготвуваат две нови специјални бои за каросеријата, сребрена Hockenheim и Orange Orange Orange. Пласманот на купето нема да биде со лимитирана серија, односно присилно ограничен, но сепак тоа ќе зависи и од интересот на купувачите за автомобилот.

Поврзани вести

Back to top button