fbpx

BMW разви специјални тркала за iX3 кои ја зголемуваат автономијата

Престојниот iX3, како и останатите електрични модели на BMW, би требало да користат нови тркала кои освен што овозможуваат подобра аеродинамика, имаат и значително помала маса од конвенционалните тркала

Освен што новите тркала изгледаат одлично, името BMW Aerodynamic Wheel откриваат дека дизајнот не е единствената причина за нивното постоење, а тие премиерно ќе се појават кај моделот iX3. Во BMW настојуваат по секоја цена да го зголемат дометот на своите електрични автомобили, а во тоа наводно ќе помогнат и овие иновативни тркала. И тоа двојно, според очекувањата на BMW, пред се со својата аеродинамика и маса.

Баварците пресметале дека отпорот на воздухот е намален за 5 проценти во однос на стандардното тркало на X3, додека масата е помала за 15 проценти, a од BMW истакнуваат дека тестовите кои ги направиле укажале на зголемување на дометот кај електричните модели. Преведено во конкретни бројки, тоа значи дека потрошувачката на енергија ќе се намали за 2 проценти, што значи дополнителни 10 километри според WLTP протоколот.

Не само тоа. Купувачите ќе можат овие тркала и да ги персонализираат, и тоа не само во поглед на боите. BMW подготви и неколку примероци, како и квалитет на површината. За потсетување, iX3 има батерии од 74 kWh, нуди автономија од 440 километри, а електричниот погон дава 286 КС и силата се пренесува на задните тркала.

Колку овие тркала навистина ќе влијаат на електричните возила, ќе може да се види во текот на оваа година кога од производните ленти ќе се симнат и првите примероци на електричната варијанта на моделот X3. Инаку, тркалата ќе се произведуваат во Кина.

Поврзани вести

Back to top button