BMW верува дека Brexit ќе ги чини производителите 11 милијарди евра
Според шефот на финансии во BMW, Николас Петер, излезот на Велика Британија од ЕУ ќе ја чини индустријата 11 милијарди евра, освен ако властите не најдат начин да ги зачуваат работите како што се
Автомобилските производители ќе се соочат со загуба од 11 милијарди евра доколку излезот на Велика Британија од Европската унија не се регулира кога станува збор за автомобилската индустрија. Ова значи дека ако не се зачуваат досегашните пракси на меѓуграничната размена, како што се бесплатните тарифи и речиси непостоењето на бирократија. Во меѓувреме, германскиот бренд потроши неколку милиони евра оваа година за да се подготви за Brexit, изјави Николас Петер, извршниот шеф за финансии во BMW.
„Асоцијацијата на автомобилски производители ACEA процени дека производителите и добавувачите би можеле да се соочат со загуби од 10 до 11 милијарди евра. Потребна ни е бестарифна размена. Дури и тогаш, потребно е да биде беспрекорно. Ние имаме навремен производствен систем, па така административните процеси при царините треба да бидат ефикасни“.
Директорот на BMW смета дека Британија треба да се држи до барањата за емисии на ЕУ со цел производителите да можат да ги продаваат истите модели и конфигурации на сите европски пазари.
Тој исто така нагласи дека големите барања за електрични и хибридни модели му помогнале на BMW да остане во чекор со проектираните регулативи за флотна емисија на штетни гасови за 2020 година. По ова, BMW ќе започне со продажба на првиот целосно електричен кросовер iX3, кој започна со производство во Кина.