Бомби ја спречуваат изградбата на Tesla Gigafactory 4 крај Берлин
На шумската локација близу местото каде ќе се најде идната фабрика Gigafactory 4 на компанијата Tesla пронајдени се неексплодирани бомби од Втората светска војна
Tesla напредува во плановите за отворање на фабриката Gigafactory 4 во околината на Берлин, во Германија каде има намера да ги произведува своите автомобили за европскиот пазар.
Во оваа фабрика, која е прва за Tesla на европско тло, ќе се произведуваат Model 3 и Model Y. Меѓутоа, изградбата наиде на проблеми веќе во самиот старт, кога на земјиштето беа пронајдени неексплодирани бомби од Втората светска војна, и тоа дури 25 од нив. Се претпоставува дека експлозивните направи на предментната локација стигнале така што пред многу децении ги напуштиле американските бомбардери, на самиот крај на страшната војна.
Според локалните медиуми, тежината на бомбите изнесува околу 90 килограми, па поради тоа се повикани експерти да ги отстранат. Се претпоставува дека целиот зафат не е завршен и дека работниците на градилиштето би можеле да се соочат со истата судбина и следните месеци, особено затоа што оваа локација била исклучително „популарна“ меѓу сојузниците. Берлин не е исклучок и во останатите германски градови често може да се пронајде идентично „наследство“ од Втората светска војна.
Компанијата Tesla го откупи земјиштето на локација предвидена за градежни зафати и во таа прилика издвои сума од 41 милион евра. Планот е од фабриката, до средината на 2021. година, годишно да излегуваат околу 150.000 електрични автомобили. Евентуално, иднината носи и планско барање за производството да биде зголемено на 500.000 единици на годишно ниво, исто така. Инаку, само за споредба, фабриката покрај Берлин ќе се гради драстично подолго од она што беше потребно за градење на фабриката во Шангај, која „никна“ за само десет месеци.