Brembo купи удел во акциите на Pirelli
Компанијата Brembo, која произведува кочници за Ferrari, Tesla, BMW и Mercedes, како и неколку Formula 1 тимови, откупи мал долгорочен удел во производителот на гуми Pirelli
Од Brembo во вторникот истакнаа дека одлучиле да купат 2,43 проценти од акциите, кои беа директно или индиректно во сопственост на нивната Nuova FourB матична компанија со „нешпекулативен пристап на долг рок“ и го направи овој потег автономно. Акциите на Pirelli се продаваат приближно до најниската цена во историјата откако производителот на гуми се појави на берзата повторно во 2017 година, две години по преземањето од страна на ChemChina.
Извор близок до случуваата истакна дека Brembo откупи дел од акциите без да го информира Pirelli, чии акции паднаа за околу 40 проценти досега годинава, ниту пак останатите акционери. Pirelli, чии гуми се користат во Formula 1 и од страна на производителите како BMW и Audi се репозиционираше за да го опслужува пазарот на премиум сегментот, што исто така е фокус и на Brembo.
Марко Тронкети Провера, извршниот директор на Pirelli, истакна дека растот на акциите од страна на постоечките акционери и пристигнувањето на новите како Brembo во време кога се забележува пад на берзата, потврдува дека производителот на гуми одлично си ја работел работата во изминатите години. „Секако, работата на Pirelli останува непроменета“, истакна тој.
Pirelli исто така истакна дека во вторникот обезбедил нов петгодишен план вреден 800 милиони евра за финансирање кој во главно ќе се искористи за да се исплати постоечкиот долг. Извршниот заменик директор на Brembo, Матео Тирабоски, минатата година истакна дека производителот на кочници, кој има пазарен капитал од околу 2,25 милијарди евра, во својот фокус имал целна аквизиција од значителна големина, можеби дури голема како и самиот Brembo.
Brembo разгледувал потенцијални мети за аквизиција
Одобрена е и шемата за лојалност во уделот, која им овозможува на семејните сопственици да ја задржат контролата дури и ако нивниот удел во компанијата падне под 50 проценти по аквизицијата. Тирабоски во октомври истакна дека Brembo го разгледувал автомобилскиот сектор за аквизиции, бидејќи имал за цел да го комплетира опсегот на производи во понудата, додека останува доследен на она што веќе го прави. Сепак, Тирабоски во ниту еден момент не даде прецизни детали за тоа во кои области Brembo размислувал да ги насочи своите планови.
Со пазарната капитализација од 3,3 милијарди евра, Pirelli е контролиран од фондот ChemChina и Silk Road, кои заедно имаат околу 45,5 проценти и италијански Camfin кој има околу 10 проценти удел во компанијата. Најголемите инвеститори на Pirelli минатата година го продолжија акционерскиот договор до 2023 година и овој месец соопштија дека ќе ги зголемат своите удели за 1,5 проценти