И Брисел забрани пристап во град на автомобили со високи емисии
Од 1- ви јануари во белгиската метропола ќе е ограничен пристапот на загадувачки автомобили во градот и неговите предградија
Новата зона за возила со ниски емисии на гасови опфаќа 19 општини во Брисел и не дозволува исклучоци, забраната ќе трае 24 часа, 7 дена во неделата. Во рамките на ограничувањата живеат 1,2 милиони луѓе, а територијата на оваа зона изнесува 161 квадратен километар.
Секој кој сака да влезе со својот автомобил во оваа област мора да се пријави на www.lez-belgium.be за да добие пристапна вињета.
Ако ова не е сторено, прекршителите ќе се казнат со парична казна, освен за странци, а ограничувањата ќе важат до летото наредната година. На локацијата можете да дознаете во која категорија спаѓа вашето возило и како ќе се променат правилата во областа, односно ќе се „затегнуваат“ повеќе и повеќе.
Таквата зона стапи во функција во Антверпен, во февруари 2017 година, а областите со ниски емисии стануваат сè попопуларни во Европа. На прво место на оваа листа е Франција, каде што моментално има 17 зони, сите во големите градови, каде што е дозволено сообраќање само на автомобили што минимално ја загадуваат животната средина.