fbpx

Британски Eagle со ново ремек-дело базирано на Jaguar E-Type

Британската тјунинг компанија Eagle веќе подолго време се занимава со реставрација и модификација на Jaguar модели, меѓу кои најзастапен е E-Type

Малата британска компанија Eagle од 1984 година се занимава со реставрација и модификација на автомобилите на Jaguar. Така е и овој пат. Имено, меѓу нивните последни креации е моделот Lightweight GT за чија основа е искористен моделот Jaguar E-Type Lightweight. Овој модел Jaguar го проиведе во 1963 година исклучиво за тркање, а е направен во само 12 примероци. За реставрацијата и модификацијата на автомобилот се потрошени речиси 8.000 часа.

Eagle Lightweight

Lightweight GT ќе може да се користи и надвор од кружните патеки. Автомобилот и понатаму се напојува со шестцилиндричниот мотор кој се наоѓа кај Jaguar E-Type Lightweight. Но, наместо 3,8-литарски, моторот сега е 4,7-литарски, поради што испорачува 385 КС, наместо 300 КС. Со поголема моќност пристигнува и поголем вртежен момент, односно 508 Nm, кој се пренесува на задната осовина благодарение на модифицираниот петстепен менувач. Според најавите од Eagle, нивниот Lightweight GT ќе биде во можност да достигне максимална брзина од 273 километри на час, додека од 0 до 60 милји на час (96 km/h) ќе забрзува за помалку од пет секунди.

Рачно направените нови каросериски алуминиумски панели со кои се заменети сите оригинални панели, заедно со неколкуте елементи од трансмисијата кои се направени од магнезиум, допринесуваат за масата на автомобили изнесува само 1.017 килограми. Автомобилот е поставен на 16-инчни ретро тркала. Зад нив се кријат сопирачки и систем на потпирање адаптирани за модерните времиња. Eagle ја задржа легендарната форма на E-Type, но притоа внимателно ја унапреди за да ја направи уште подобра и поаеродинамична.

Eagle Lightweight

„Фабричкиот Lightweight беше чистокрвен тркач. Ние сакавме да го вратиме тоа специјално чувство кое го носат натпреварувачките автомобили од 60-тите години. Тоа е една прекрасна ера на британскиот мотоспорт. Но исто така сакавме да додадеме и комфор, елеганција и сигурност што ќе придонесе за стимулирачко секојдневно возење“, вели основачот на Eagle Хенри Пирмен.

Eagle Lightweight

Eagle ќе го произведува моделот Lightweight GT во само два примероци годишно. Од компанијата не ја објавија цената за нивниот модерен класик, за чија изработка се потребни 8.000 часа. Но со оглед на тоа дека останатите нивни специјални E-Type модели чинат и по милион долари, може да се заклучи дека и овој автомобил нема да биде ништо поевтин.

Поврзани вести

Back to top button