Bugatti ги откри првите Divo хиперавтомобили
Француската компанија Bugatti ги претстави првите произведени Divo хиперавтомобили кои ќе бидат испорачани до купувачите
Bugatti го претстави Divo во 2018 година, а сега компанија ги откри првите автомобили кои се подготвени да бидат доставени до купувачите. Според француската компанија, „со ова се одбележува крајот на еден предизвикувачки развој кој траеше речиси две години“, а резултатите се навистина фасцинантни. За Bugatti, моделот Divo е повеќе од само уште еден хиперавтомобил. Тој сигнализира нешто ново.
„Divo започнува една нова ера во Bugatti – ера на модерно производство“, вели претседателот на компанијата, Стефан Винкелман. Тој го нарече автомобилот „високо прилагодено ремек-дело во автомобилското мајсторство“. Оваа нова ера му овозможува на Bugatti да ја промени и прилагоди технологијата која се наоѓа под автомобилот, што го направи со преправањето на Chiron во Divo. Ограничувањето на максималната брзина на Divo на 380 километри на час, му овозможи на Bugatti слобода во неговиот развој.
Винкелман го нарече Divo „визуелно и технички независен модел“. Треба само да го погледнете автомобилот за да го забележите тоа. Профилот е потенок, со што се добива „поспортски изглед“ во однос на Chiron. На предниот дел, отворите за воздух го намалуваат површинскиот простор на автомобилот и го унапредуваат протокот на воздух додека новиот спојлер генерира поголем аеродинамички потисок. Исто така, помага при насочувањето на воздухот кон предните отвори додека исто така помага во ладењето на сопирачките.
Задниот дел е брендиран со уникатен 3D дизајн на светлата, кои навистина спектакуларно се комплементираат со предните LED светла. Отворот на покривот овозможува ладење на 8,0-литарскиот W16 мотор на Divo кој произведува 1.500 КС. Перките кои продолжуваат од отворите за воздух помагаат при циркулацијата на воздухот преку широкото крило. Истото е поставено над подигнатиот дифузер и 3D печатените завршетоци од издувниот систем.
Bugatti планира да произведе само 40 Divo хиперавтомобили со цена од 5 милиони евра. Сепак, и да ги имате овие пари, нема да можете да се подновите со ваков автомобил. Bugatti веќе ги продаде сите 40 примероци.