fbpx

Карлос Гон останува на чело на Groupe Renault

Одборот на директори на Groupe Renault предложи обновување на позицијата на Карлос Гон како директор на групата за нови четири години

Предлогот ќе биде проследен до акционерите за време на годишната средба на 15 јуни 2018 година.

Големиот шеф на Groupe Renault, Карлос Гон, се согласи да остане уште четири години како претседател и извршен директор на компанијата и најави уште поцврсти реалции во алијанста со Nissan и Mitsubishi. Во следните неколку недели, треба да претстави план за да се покаже решителноста и новата стратегија во работата на трите брендови заедно.

Гон, сепак потсети дека Renault и Nissan нема да брзаат да градат уште посилни релациии, особено под условите поставени од француската држава и објасни дека целосна интеракција е невозможна, се додека Франција е најголемиот акционер во Renault. Договорот на Гон со Groupe Renault ги завршува шпекулациите за тоа кој ќе биде негов наследник и ги стави претставниците на француската држава во тешка ситуација во врска со комуникацијата со другите акционери.

Groupe Renault

Француската влада, која контролира 15% во Renault, сакаше намалување на платата на главниот извршен директор, како и конкретен план за тоа кој ќе го наследи Гон и посериозно интеракција со Nissan, при тоа на максимално долг рок. Француската влада на крај, сепак го поддржа реизборот на Гон, а новиот стар шеф се согласи да ја намали годишната плата за 30 отсто.

Новата структура, на која Ган ќе се посвети во наредните четири години, ќе и овозможи Франција да го намали својот удел во автомобилската компанија, потенцираат аналитичарите. Во исто време Renault го назначи Тиери Болор на функцијата главен оперативен директор. Тој ќе преземе голем дел од обврските на Гон во менаџментот на француската марка и станува фаворит број еден да го наследи Гон по четири години.

Пред неколку недели, автомобилскиот гигант Renault-Nissan-Mitsubishi објави дека вкупната продажба на одделните нејзините брендови во текот на изминатата година се зголеми за 6,5% до ниво од 10.608.366 единици, што е еквивалентно на секој деветти автомобил или комерцијално возило, реализирани на пазарите ширум светот во минатата година на глобално ниво.

Групата Renault-Nissan-Mitsubishi оствари продажба во речиси 200 земји со десет марки- Renault, Nissan, Mitsubishi Motors, Dacia, Renault Samsung Motors, Alpine, Lada, Infiniti, Venucia и Datsun.

Поврзани вести

Back to top button