fbpx

Chevrolet подготвува електричен кросовер

Фотографијата на електричен кросовер, најверојатно надграден врз платформата на Chevrolet Bolt, успеа да ги воодушеви аналитичарите по нејзиното пласирање од страна на првиот човек на GM, Мери Бара

Всушност, фотографијата беше дел од презентацијата на главниот извршен директор на GM Мари Бара на Глобалната автомобилска конференција, во која се објаснува дека гигантот планира да лансира два електрични кросовери до 2020 година. Автомобилот е без амблем, но изгледа многу повеќе како сериски модел од концепт. Во неговиот дизајн може да се откријат елементи од концептниот FNR-X, претставен од Chevrolet, во април оваа година, на саемот во Шангај.

Chevrolet

електричен кросовер
Сеуште нема информации за перформансите на новиот електричен кросовер и дали тој ќе го добие погонот на Bolt, како и батеријата со капацитет од 60 kWh. Покрај тоа, во текот на 2021 година GM планира промоцијата на целосно нова платформа за електрични возила, со што производствените трошоци на компанијата ќе се намалат за 30%, а тоа ќе ги опфати и цените на батериите и се очекува цената на 1 kWh да се намали од 145 на 100 долари.
електричен кросовер

Поврзани вести

Back to top button