fbpx

Czinger официјално го претстави хибридното чудовиште 21C

Компанијата Czinger по долгата промотивна кампања го претстави хиперавтомобилот кој најавува ново поглавје во историјата на перформансните возила

Компанијата Czinger е базирана во Калифорнија во САД, а нивната намера е моделот 21C да биде достапен во две варијанти – едната ќе биде наменета за употреба на јавните патишта, а втората исклучиво за тркачките патеки. 21C претставува хибрид кој комбинира V8 агрегат со два електромотори кои се поставени над предните тркала, што значи дека овој хиперавтомобил има погон на сите рткала, а вкупната сила изнесува 1.233 КС.

Благодарение на употребата на лесни материјали како карбон, остварена е прилично мала маса за еден ваков автомобил – само 1.250 килограми. Малата маса и големата моќност се рецептот за речиси неверојатните перформанси. Czinger 21C е во состојба да забрза од нула до „стотка“ за само 1,9 секунди! Четврт милја минува за само 8,1 секунди. Максималната брзина која оваа хибридна „ѕверка“ може да ја достигне е 432 километри на час, а до 300 километри на час стигнува за точно 15 секунди, додека за спринт од 400 km/h потребни се 29 секунди.

Наведените податоци се врзани за варијантата на моделот 21C наменета за употреба на јавните патишта. Тркачката верзија има уште помала маса – 1.218 килограми, но поради огромното задно крило максималната брзина изнесува „само“ 380 километри на час.

Czinger 21C ќе ја има својата јавна премиера на 3 март на Салонот за автомобили во Женева.

Поврзани вести

Back to top button