fbpx

DACIA со 5.000.000 глобални продажби

Еден ден пред почетокот на Меѓународниот салон во Женева, DACIA објави дека продажбата на брендот достигна ниво од 5.000.000 единици од 2004 година, па досега

Само минатата година, реализацијата на DACIA се зголеми за 12% до ниво од 655.000 единици.

Sandero е на челна позиција во Европа во продажба кон приватни клиенти, а на 25 од пазарите на кои присуствува брендот, се евидентираат рекордни продажби или пазано учество. Паралелно со оваа вест, од Dacia објавија дека подготвуваат неколку новитети, вклучувајќи го воведувањето на Smart Seats систем на седум седишта кај Lodgy, која дава можност за склопување, навалување на потпирачите или целокупното отстранување на последниот ред.

DACIAДруга новина која ќе дебитира на салонот во Женева е новата лимитирана серија на Stepway Sandero, Lodgy, Dokker и Logan MCV, која меѓу зголеменото ниво на опрема воведува и за прв пат автоматска климатизација.

Во опремата на новата лимитирана серија се вклучени нова боја во екстериерот Beige Dune, специјални 16-инчни фелни, нови црни сјајни елементи, капаци на страничните ретровизори, уникатен тапацир на седиштата, нов дизајн на отворите за вентилација…

Поврзани вести

Back to top button