fbpx

Dacia Duster доби луд боди кит од Prior Design

Тјунинг компанијата Prior Design подготви еден навистина невообичаен боди кит пакет за Dacia Duster

Dacia Duster е познат по својата достапност, пристапност, практичност и оф-роуд способност, но во Prior Design очигледно имале поинакви замисли за романскиот SUV. Познатата тјунерска компанија понуди широк боди кит кој на втората генерација на Duster ќе му понуди изглед на тркачки автомобил.

Овој пакет на Prior Design е направен од високо-квалитетна мешавина на фиберглас и Dura-Flex која е лесна за фарбање, евтина за производство и особено стабилна. Модификациите се компатибилни со било кој Duster од 2018 година па наваму, вклучително и неодамнешниот фејслифт со оглед на тоа дека панелите на каросеријата останаа непроменети.

Новиот боди кит на Prior Design за Dacia Duster вклучува далеку пошироки предни и задни крила кои се протегаат до предниот и задниот браник, создавајќи отвори за воздух во стилот на DTM. Исто така, тука се и новите странични прагови, заден дифузер во кој се наоѓаат две големи издувни цевки, како и опционален заден спојлер.

Во официјалните фотографии кои ги сподели Prior Design, овој пакет е комбиниран со екстремно спуштен систем на потпирање и нов сет на големи тркала. Исто така можат да се забележат и поголемите сопирачки со црвени шапи од сопирачките и рол-заштита во внатрешноста, со што дополнително се засилува изгледот на тркачки автомобил. Во оваа конфигурација, Duster, кој е мошне ниско поставен до земјата, очигледно ги губи своите оф-роуд карактеристики, но сигурно привлекува огромно внимание.

Поврзани вести

Back to top button