Dacia Duster официјално крунисан!
Блескава статуетка во вид на маска на ладилник, заштитен знак на манифестацијата Автомобил на годината во Македонија, беше предадена на годинашниов носител на титулата Duster, на свечен начин во винаријата Камник, на претставниците од македонскиот импортер Аутомотив Груп
Признанието „Томислав Билјарац“ за Владо Воиновски од Еуроимпекс.
Манифестацијата на која се доделува ова вредно признание се организира по 23-ти пат, а местото каде се најдоа голем број претставници од фелата, естрадни уметници, новинари… овој пат беше винаријата Камник. Уште еден беспрекорно организиран настан, извонредна атмосфера, кој опотврди дека е по многу нешта единствен на овие простори на кои се дружеа сите оние кои се инволвирани во овој економски сегмент или едноставно кои ги посакуваат автомобилите. Одамна е познат носителот на титулата Автомобил на годината за 2018, но на Камник, претседателот на жирито Горан Антевски и официјално му ја предаде блескавата статуетка во вид на маска на ладилник на регионалниот директор за продажба на Renault, Жељко Барбарич.
-Борбата за тронот беше мошне интересна, со оглед на фактот дека пред жирито имаше мошне извонредни автомобилски креации, но согласно критериумите, се стигна до конечното решение. На крајот одлучуваа нијанси, па Dacia Duster се издвои со негои поединости согласно критериумите, особено оној за адекватност на македонскиот пазар, истакна Горан Антевски.
-Минатата 2017 година беше мошне успешна за Renault. Беа постигнати многу добри резултати, а секако е најважен фактот што ние како Алијанса, заедно со Nissan и Mitsubishi бевме производител број еден во светот. Секако, особено во Европа, Dacia има силно присутно и се наметна со своите модели, особено Duster. Со вакви остварувања и модели, заедно со импортер каков што е Аутомотив Груп, сигурн сум дека пред нас се нови рекорди, потенцира пред присутните, Барбарич.
Секако посебен дел во самиот чин на предавањето на признанијата имаше и доделувањето на она кое жирито го востановува од оваа година во чест на еден од зачетниците на оваа идеја, Томислав Билјарац, кој за жал не е веќе меѓу нас. Ова признание се доделува за посебен придонеси и резултати во автомобилскиот свет кај нас,а жирито одлучи првата ваква плакета да му ја врачи на еден од доајените на македонскиот автомобилизам. Владимир Воиновски, творецот на Еуроимпекс.