fbpx

Dacia со прв тизер за Sandero, Sandero Stepway и Logan

Романскиот бренд Dacia, која е под закрилата на Renault, за неколку дена треба да ја претстави новата генерација на Sandero, заедно со Stepway и Logan

Dacia ја започна тизер кампањата за третата генерација на својот модел Sandero, заедно со Sandero Stepway и Logan. Трите модели веќе подолго време се присутни на пазарот и сега очигледно дојде време за освежување и замена.

Sandero, Sandero Stepway и Logan ќе ја користат платформата на Renault Clio, но овој пат тоа ќе биде CMF-B платформата на која е базиран субкомпактниот хечбек на Renault. Со оглед на тоа дека претставувањето на трите модели се очекува наскоро, Dacia го објави и првиот тизер за своите возила.

Тизер видеото навестува дека дизајнот ќе претставува чекор напред, но сепак треба да се почека официјалната презентација за да се добие подобар впечаток. Прототип возилата имаа LED светла, а се очекува инфозабавниот систем да добие форма во вид на таблет кој ќе се истакнува од централната конзола.

Моторизацијата ќе биде преземена од Clio

Sandero и Logan веројатно ќе позајмат и некои детали од Renault Clio, но очекувано, квалитетот на материјалите нема да биде на истото ниво. Исто така, се очекува од Clio да биде преземена и понудата на моторите, но не треба да постојат некои поголеми надежи кога станува збор за 1,3-литарскиот турбобензинец со автоматски менувач. Релативно моќниот четирицилиндричен мотор со 130 КС веројатно нема да биде достапен за Sandero, но постојат некои информации за хибридна верзија со 140 КС.

Dacia

Од друга страна, се очекуваат 1,0-литарскиот трицилиндричен атмосферски и турбобензински мотор со моќност од 65 до 100 КС, а во понудата би требало да се најде и 1,5-литарскиот dCi дизел со 85 или 115 КС. Помоќниот дизел би можел да биде изоставен исто како и 1,3-литарскиот TCe бензинец со цел да се избегне непотребна конкуренција на Renault Clio. Со оглед на тоа дека Sandero пристигнува точно во моментот кога почнуваат со примена новите норми во ЕУ во врска со флотната емисија на штетни гасови, јасно е дека ќе има примена на електрификација, останува само да се види каква.

Поврзани вести

Back to top button