fbpx

Лидерот на Дакар Карлос Саинс казнет!

Карлос Саинс, кој води во генералниот поредок кај автомобилите на релито Дакар е санкциониран со десет минути од страна на организаторите, по жалбата на крос-возачот во конкуренција со АТВ-машините Кис Кулајн

Според него Саинс возел опасно кај 184-тиот километар од седмата фаза на трката по маршрутата Ла Паз – Ујани и ја довел во прашање безбедноста на другите учесници. Како резултат на жалбата беше побарано да се појави пред стјуардите во аргентинскиот град Салта.

Откако се запознал со жалбата, тој го отфрлил обвинението дека имал контакт со Кулајн, но дека направил маневар за да не го удри и со таа реакцијата успеал да избегне удар кој би бил многу посериозен по него, бидејки имал голема брзина.

Саинс

Карлос Саинс

Неколку часа подоцна стјуардите на рели Дакар сепак му изрекоа казна на пилотот на Peugeot во износ од 10 минути, што од тимот веднаш беше обжалена. Санкцијата на Саинс го остава со предност од 56.37 минути во однос на вториот во генералниот пласман – возаот Toyota, Насер Ал Атија, кој ќе се обиде да ја достигне вој петте преостанати фази од овогодинешното издание.
Саинс

Поврзани вести

Back to top button