Дали е ова новиот X-Ceed?
Новиот член на семејството Kia Ceed ќе биде кросовер кој најверојатно ќе го носи името X-Ceed
Слики на новиот член на семејството Kia Ceed беа објавени во голем број европски автомобилски изданија. На нив, кросоверот кој ќе го добие името X-Ceed е без никакви маскирни делови и тоа овозможува дизајнот да биде разгледан во детали.
Главните разлики од другите модели во опсегот на Ceed се во предниот дел на автомобилот. Тој е добие целосно нова светлосна група, друга решетка на ладилникот и различни браници. Промените не се толку значајни, но се таму. Од стандардниот хечбек, новиот модел се одликува по проширените калници, праговите, новиот заден браник и тркалата.
Новиот кросовер ќе ги користи достапните мотори за Ceed. На европскиот пазар тоа се 1,0 литарскиот тубомотор со 120 КС, 1,6 литарскиот атмосферец со 115 КС, како и турбо моторите со зафатнина од 1,4 и 1,6 литри, со 140 и 205 КС.
Премиерата на новиот Kia X-Ceed ќе се одржи подоцна ова лето, а пред публиката тој ќе се појави за време на автосалонот во Франкфурт во септември.