DFSK станува сериозен глобален играч
Кинескиот автомобилски производител DFSK полека го надминува кинескиот пазар и се наметнува како сериозен глобален играч во индустријата
Кинескиот конзорциум DFSK станува сериозен глобален производител на автомобили. Доказ за тоа се и продажните резултати, пласманот, како и седумте фабрики кои ги поседува оваа компанија. Едната од нив е во САД, поточно во Индијанаполис која е купена од Hammer. DFSK обрнува огромно внимание и на автоматизацијата и напредната технологија, поради што во нивното производство се користат голем број роботи.
Лесните комерцијални возила на кинескиот производител (до 2,5 тони бруто) почнаа да се продаваат во Европа во 2008 година. Денес тие претставуваат лидери во продажбата во оваа категорија на најголемите пазари на Стариот континент, како Шпанија, Германија, Италија и Португалија, како и на пазарот во Македонија. Секако, најголемата предност е атрактивната набавна вредност и трошоците за одржување во однос на конкуренцијата. Тука се и економичните бензински мотори, компактните димензии, одличната носивост од 1,3 тони. Не треба да се заборави ниту можноста за конверзија на шасијата во голем број на варијанти за наменски специјални возила. Сето ова ги прави возилата на DFSK уште попривлечни за купувачите.
DFSK започнува и SUV офанзива во Европа преку Glory 580, a од оваа година на пазарот е достапен и SUV моделот со купе форма, F5. Но, кинескиот гигант не застанува тука, бидејќи плановите вклучуваат и електрична офанзива преку моделите Seres.
Кога станува збор за DFSK (DongFeng Sokon) , оваа компанија е во целосна сопственост на Sokon Holding. Од друга страна пак, Sokon Group, пак, е заеднички потфат на DongFeng Motor и Sokon Holding. Целата приказна започнува во 1986 година, а веќе во 2002 Sokon Group започнува со производство на мотоцикли. Веќе следната започнува со производство DFSK Auto, кој во 2013 година влегува на пазарот на персонални возила. Во 2008, компанијата влегува во Топ 3 компании во својата индустрија. Во 2016 година е отворен погонот за Smart Auto за истражување и развој во Силиконската долина во Калифорнија. Веќе во 2018 година е лансирана NEV платформата на истото место.
Sokon Group стана најголемата автомобилска компанија во Западна Кина, а во 2018 година е избрана меѓу 500-те најголеми и најуспешни компании. Денес, Sokon Group, односно DFSK, поседува седум модерни фабрики во три различни земји. Очекувано, најголемиот дел, односно пет, се наоѓаат во Кина, една е лоцирана во Индонезија и една во САД. Со ова, годишниот производствен капацитет изнесува 700.000 возила, од кои 600.000 само во Кина. Во 2018 година DongFeng Motor се најде на 65-тото место на листата на Global Fortune 500, односно меѓу 500-те најголеми компании на светско ниво и е втор најголем производител во Кина со 3,83 милиони продадени единици во 2018. Кога станува збор за SUV сегментот, DFSK е убедливо на врвот. Само Glory 580 кумулативно е продаден во 400.000 примероци до 2019 година.
За сериозноста и големината на компанијата сведочат и фактите дека DFSK е локален и светски лидер кога станува збор за напредната технологија во производството при кое се користат 1.000 роботи во четири процеси. Компанијата притоа ја има и најдобрата и најмодерната фабрика во Кина. Ако се земе предвид дека најголемите европски, американски и светски производители се прошируваат во најнаселената земја на светот и отвараат свои фабрики за свои потреби во Кина, тогаш ова има уште поголема тежина.
Во моментов, DFSK во својата понуда има патнички возила, комерцијални возила и електрични возила. Кога станува збор за патничките возила, DFSK во моментов нуди четири модели во SUV сегментот. Kај комерцијалниот сегмент, пак, компанијата нуди 16 модели низ 4 серии. Кога станува збор за електричните возила, DFSK преку Seres ќе произведува голем број на целосно електрични и PHEV возила во сегментот на комерцијални возила, SUV модели, седани, MPV, купе и така натаму.
Целта на DFSK во иднина е да се движи трансформацијата на автомобилската енергија и да се креира интелигентен животен стил на мобилност, а компанијата да стане глобален препознатлив бренд за интелигентни возила. Брендот за застапен на нашиот пазар преку импортерот ABC Brother.