Дронови ќе ги контролираат возачите во Западна Европа
Полицијата во Франција објави дека остварила успешни акции во борбата против сообраќајните прекршителите со користење на дронови со вградена камера
Почетокот на проектот беше во Бордо, благодарение на што стотици возачи беа казнети за одредени прекршоци со кои го загрозиле непреченото одвивање на сообраќајот. Самите водачи не се задоволни од оваа мерка, бидејќи сега, освен на камерите и полициски патроли, мора да гледаат дали има дронови на небото кои го набљудуваат нивното однесување на патот. Ова го одвлекува нивното внимание од сообраќајната ситуација и создава дополнителни предуслови за несреќи.
За возврат, претставници на полицијата тврдат дека дронот станува главен асистент во нивната работа. Со цел да се регистрира повреда на правилата за безбедно возење, нема потреба од блиска полициска патрола во близина. Откако ќе се регистрира прекршокот, полицискиот тим ќе го сопре виновникот и ќе направи потребен записник.
Дронот успева да „покрие“ прекршоци од речиси секаков вид, освен за забрзување. Во даден момент еден дрон може да „прати“ 20 возачи кои не ги следат правилата. Како целина, полицијата го одобрува користењето на летечките машини и се очекува да се користи не само во другите региони на Франција, туку и во сите земји на ЕУ.