Дубаи 2017: Infiniti го покажа новиот QX80
Infiniti го демонстрираше новиот QX80 на mеѓународниот салон во Дубаи и најави дека автомобилот е дизајниран да ги задоволи потребите на потрошувачите во луксузниот сегмент
Infiniti го нагласува дизајнот, на својата Powerful Elegance линија, за која тие додаваат, дека новиот QX80 го довеле на ново на моќен, издржлив и лидерски модел.
Автомобилот ветува дека ќе им понуди на идните сопственици пространа внатрешност со висококвалитетни материјали, рачно изработени предмети и современи технологии за комфор и безбедност. Infiniti, исто така, ветува динамика на патот, со главен акцент на 5.6 литарскиот V-мотор со осум цилиндри. Infiniti веќе започна со производство на новиот QX80 во Јапонија, а продажбата во Северна Америка, Западна Европа, Азија и Блискиот Исток ќе започне пред крајот на годината.