Е-камионите во реална употреба со 2.500 парчиња Nikola
Електричниот камион за ѓубре постои само во виртуелниот свет и иако ова е само покажување футуристичкиот дизајн со остри и агресивни елементи, во споредба со камионите за ѓубре што веројатно сте навикнале да ги видите, ова ќе е многу попривлечно за око
Nikola обезбеди договор за продажба на електрични камиони за ѓубре на компанијата за отстранување отпад во Соединетите Американски Држави. Како дел од договорот, Nikola ќе ја обезбеди комуналата компанија Republic Services со седиште во Феникс со 2.500 камиони за отстранување отпад, со можност за уште 2.500 подоцна. Republic е втор по големина превозник за отпад во Соединетите Држави, така што овој договор е доста голем и таргетира површина на пазарот за камиони што повеќето производители на ЕВ го запоставиле.
Од Nikola велат дека електричните камиони ќе бидат електронски ограничени на 1.000 КС и вклучуваат конфигурации за странично товарање и предно товарање. Камионите ќе имаат батерии дури од 720 kWh и треба да можат да патуваат околу 150 милји (241 км) со едно полнење. Интересно е што, Никола ќе испорача комплетни камиони на Republic, за разлика од само шасијата, оставајќи на превозникот сам да организира инсталација на делот за отпад од посебна компанија, како што е вообичаено.
„Подвозјето на „Nikola Tre“ е идеално за пазарот на возила за отпад, бидејќи споделува и користи исти батерии, контроли, инвертори и е-оска со останатите програми“, рече основачот на Никола Тревор Милтон во изјавата. „Со споделување на платформата Tre, можеме да ги намалиме трошоците за двете програми со користење на истите делови. Не можевме да избереме подобар партнер од Republic Services, лидер во долгорочната одржливост на животната средина и услуги на клиентите. Republic Services ќе ни помогнат да обезбедиме Nikola Tre да ги задоволи барањата на клиенти за животниот циклус на флотните возила и ние сме возбудени што учествуваат во процесот на дизајнирање. “
Очигледно електричните комерцијални возила и транспорт ќе бидат се почеста слика на патиштата по светот, па некогаш веројатно и кај нас.