fbpx

ЕУ и Велика Британија постигнаа договор, производителите задоволни

Автомобилските производители со задоволство ја прифатија веста дека Велика Британија и ЕУ постигнаа пост-Брегзит договор за трговија

Европската унија и Велика Британија успеаја да постигнат договор за трговија во пост-Брегзит ерата. Договорот беше финализиран на католичкиот Бадник, неколку дена пред Британците да го напуштат заедничкиот пазар. Ова е одлична вест за автомобилските производители кои ја поздравија оваа одлука.

Со овој договор ќе се финализира раздвојувањето на Велика Британија од ЕУ и ќе ја спречи заканата огорчено раскинување на 31 јануари, кога 12-месечниот транзициски период ќе заврши. Од ACEA, европската лоби група на автомобилската индустрија, велат дека договорот ќе му овозможи на секторот да ги избегне катастрофалните ефекти од хаотичен Брегзит.

„Импактот на Брегзит без договор за автомобилската индустрија во ЕУ ќе беше едноставно разорен и уништувачки“, вели генералниот директор на ACEA, Ерик-Марк Хуитем.

Договорот ќе овозможи трговија без тарифи и без квоти по 31 декември, но нема да се однесува на индустријата на услуги – околу 80 проценти од британската економија – или секторот за финансиски услуги.

Со ова завршува неизвесноста што започна за автомобилските производители со операциите во Обединетото Кралство откако Британците гласаа да ја напуштат ЕУ во 2016 година. Nissan, Toyota и Honda, кои заедно заедно произведуваа речиси половина од автомобилите произведени во Велика Британија, предупредија дека ќе мораат да го напуштат Островот доколку трговските бариери по Брегзит ги направат нивните операции во Велика Британија непрофитабилни.

Правила за потекло

Новите правила бараат Велика Британија самостојно да го потврди потеклото на својот извоз во ЕУ. Единствено стоките кои содржат доволно количество на влез во Велика Британија или ЕУ ќе имаат право на третман со нулта тарифа.

Велика Британија успеа да го убеди Брисел дека материјалите и преработките од ЕУ треба да се сметаат како британски влез кога комплетираните производи се извезуваат на европскиот пазар, објавува весникот Guardian. Еден производ ќе подлежи на тарифи единсвено доколу повеќе од 40 проценти од неговата претходно готова вредност или не е од британско потекло, или е од земја што не е членка на ЕУ.

Велика Британија

Британците не успеаја да обезбедат договор за вклучување на делови од земја како Јапонија или Турција, со кои Велика Британија и ЕУ имаат трговски договори, да се сметаат како британски придонес.

Од ACEA соопштуваат дека не може да се направи целосна проценка на импликациите од договорот се додека не се објават сите технички детали. „Само во таа фаза ќе биде јасно дали договорот целосно ги одразува интересите на автомобилските производители од ЕУ и нивните синџири на снабдување“, стои во соопштението.

И покрај сето ова, се уште постојат големи предизвици поради тоа што трговијата со стоки ќе биде под големо влијание на бариерите во трговијата поради новите царински постапки кои ќе бидат воведени на 1 јануари, соопштуваат од здружението.

Велика Британија

Годишно се тргува со околу 3 милиони возила во вредност од 54 милијарди евра меѓу ЕУ и Велика Британија, а меѓусебната трговија со автомобилски делови изнесува речиси 14 милијарди евра, соопштуваат од ACEA.

Во исчекување на деталите

Од Ford Motor велат дека договорот ќе обезбеди стабилност додека индустријата прави транзиција кон нови технологии.

„Сега е важно да се разберат деталнте правила за потекло кои ќе се применуваат и да се создаде што е можно помирна транзиција со максимизирање на флексибилноста, како што деловните активности се прилагодуваат на новото трговско опкружување“, вели претседателот на Ford Europe, Стјуарт Роули.

Здружението на автомобилската индустрија во Велика Британија, SMMT, побара за фазен период со цел да се овозможи бизнисот да се прилагоди на новите правила. „Ги чекаме деталите за да се осигураме дека оваа зделка функционира за автомобилски производи и технологии, вклучително и спецификите на правилата за потекло и идната регулаторна соработка“, вели извршниот директор на SMMT, Мајк Хоус.

Европската лоби група на добавувачи, CLEPA, изјави дека договорот го избегнува она што би било најлошо сценарио за производителите на резервни делови, но додаде дека сепак ќе значи „воскреснување на многу трговски бариери“.

Бизнисите и царинските власти сега ќе треба да работат деноноќно за да се подготват за новите услови за тргување само една недела пред спроведувањето на договорот, вели генералниот секретар на CLEPA, Сигрид де Врис.

Поврзани вести

Back to top button