fbpx

Euro NCAP со нова „порција“ на одликаши

Независната огранизациja Euro NCAP ги објави резултатите од тестирањата на осум нови за европскиот пазар модели

Независната огранизација Euro NCAP ги објави резултатите од тестирањата на осум нови за европскиот пазар модели, од кои четири: Mercedes X-Class, Jaguar E-Pace, DS 7 Crossback и целосно електричниот предлог e-Mehari на Citroen, имаат апсолутно деби на континентот.

Во новата група тестирани возила за безбедноста се најдоа уште Porsche Cayenne, BMW X3, Subaru XV и Subaru Impreza. Honda Civic е вратена на повторно тестирање откако компанијата треба да направи некои модификации.

Од Euro NCAP објавија дека сите автомобили добиле можна највисока оценка од 5 ѕвезди за безбедноста, а единствен исклучок е електричното e-Mehari на кое му биле доделени 3 ѕвезди поради недостатокот на асист-состави за возачот.

 

Поврзани вести

Back to top button