fbpx

Европа добива сопствен Sportage, Kia ги објави првите цртежи

Корејскиот производител Kia ги најави своите планови за лансирање на нов Sportage кој ќе биде наменет исклучиво за Европа

Иако неодамна новиот Sportage беше претставен, сепак ова претставува важна вест за Kia на Стариот континент, бидејќи Европа за првпат ќе добие свој сопствен Sportage модел кој ќе се разликува во однос на глобалниот.

Kia засега останува таинствена кога станува збор за спецификациите, но напомена дека моделот е направен специјално по европски вкус. Кросоверот исто така „прецизно усовршен за да понуди оптимални карактеристики за возење и управување на европските патишта“. Уште поважно, европскиот Sportage ќе биде помал од глобалната варијанта, која пак доби нешто поголеми димензии во однос на претходно. Од Kia не ги објавија димензиите, но истакнаа дека „европската верзија спиритуално ја наследува четвртата генерација“, кога станува збор за димензиите.

Покрај најавата на иницијалните детали, Kia објави и неколку тизер цртежи. Истите прикажуваат дека кросоверот ќе го добие Opposites United дизајнерската филозофија и препознатлива предноца со карактеристична решетка а од двете страни на истата ќе се најдат Matrix LED фарови и LED дневни светла во форма на бумеранг.

И додека предниот дел наликува на глобалниот Sportage, постојат голем број промени на профилот, односно на A-столбот. Конкретно, европскиот модел е пократок и ќе ги загуби малите задни стакла. Може да се забележи и црниот покрив и понагласениот C-столб. Задниот дел пак се чини дека ќе биде пресликан.

Европскиот Sportage ќе биде претставен на 1 септември и ќе се најде во продажба подоцна оваа година. Моторните опции остануваат засега непотврдени. Kia исто така ги потврди плановите и за plug-in хибриден Sportage кој ќе биде претставен на Салонот во Минхен со турбо 1,6-литарски четирицилиндричен мотор, 13,8 kWh литиум-јонска батерија и електромотор со моќност од 91 КС.

Поврзани вести

Back to top button