Уште еден производител се откажува од дизелот
Концернот Fiat Chrysler Automobiles (FCA) планира да го запре производството на автомобили со дизел мотори до 2022 година
Според извори на весникот Financial Times, постепеното откажување од дизелот е внесено во четиригодишниот план на производителот Fiat Chrysler, кој ќе биде објавен на 1 јуни.
Весникот забележува дека одлуката на Fiat Chrysler е поврзана со намалената побарувачка на моделите со ваков мотор, поради „дизел скандалите“ и зголемувањето на трошоците за воведување на технологии кои обезбедуваат еколошка безбедност при користење на овој вид гориво. Производителот на автомобили не го коментираше ова, но и не демантираше, туку потенцира дека во вакви услови се е можно?!
Пред една година американската Агенција за заштита на животната средина откри кај дизел автомобилите на Fiat Chrysler ненајавен во документацијата софтвер кој суштински ги намлува нивоата на емисија во атмосферата на штетни гасови.
Беше потврдено дека софтверот е инсталиран на 104.000 возила на компанијата, продадени во САД. Меѓу засегнатите модели беа Jeep Grand Cherokee од 2014, 2015 и 2016 година и пикап Dodge Ram 1500 со 3.0-литарски дизел мотор. Компанијата беше обвинета за намерно криење на фактот дека има таков софтвер во нив.