fbpx

Fiat ги покажа новите Ulysee и Scudo модели

Италијанската компанија го презентираше опсегот на новите Ulysee и Sucdo LCV и MPV модели кои пристигнуваат со конвенционални и ЕВ погони

Ulysee и Scudo MPV и LCV моделите на Fiat добија нова верзија, а станува збор за ребрендирани варијанти на моделите кои веќе се нудат од Opel, Peugeot, Citroen и Toyota. Новите Ulysee и Scudo модели ќе се нудат со електричен и конвенционален погон со мотор на внатрешно согорување, а ќе пристигнат на местото на Fiat Talento.

Новиот Fiat Ulysee, кој е патничката верзија, ќе биде достапен во различни конфигурации со шест до девет седишта, пресретнувајќи ги потребите на големите семејства, но исто така и за професионално користење. Слично на ова, Fiat Professional ќе го понуди Scudo во Van, Combi и Cab варијанти.

Ulysee Scudo

Пристигнуваат до крајот на оваа или почетокот на следната година

Како што може да се забележи од дизајнот на екстериерот, Fiat Scudo и Ulysee моделите се тесно поврзани со останатите возила од Stellantis групацијата, како и Toyota Proace. Слично на овие модели, новите возила на Fiat се базирани на EMP2 платформата, споделувајќи го најголемиот дел од нивните каросериски панели и ентериер со своите „браќа“ – со тоа што решетката, графиката на фаровите и беџовите се единственото нешто што ги разликува.

Варијантите со мотор на внатрешно согорување ќе бидат ексклузивно понудени со дизел мотори во комбинација со мануелен или осумстепен автоматски менувач кој ја испраќа моќноста на предните тркала. Целосно електричните верзии се очекува да користат електромотор кој испорачува 136 КС и 50 kWh или 75 kWh батерии за мобилност со нулта емисии. Stellantis веќе ги прикажа своите комбиња со технологија на водородни горивни ќелии кои би можеле да се користат и од Fiat во иднина.

Инаку, Ulysee и Scudo имињата звучат познато бидејќи Fiat ги користеше во периодот меѓу 1994 и 2002, односно 1996 и 2016 како дел од претходниот заеднички потфат меѓу FCA и PSA. Исто како и нивните претходници, така и новите Fiat Ulysee и Scudo ќе се произведуваат во Stellantis Horain фабриката во Франција. Scudo ќе биде достапен за нарачка во повеќето земји до крајот на 2021 или почетокот на 2022, а Ulysee ќе следува нешто подоцна во првиот квартал од 2022.

Поврзани вести

Back to top button