fbpx

„Уловени“ седан и хечбек верзијата на новиот Ford Focus

Сегашната третата генерација на Ford Focus е на пазарот веќе речиси седум години и иако сеуште има доста добра продажба, сепак не е тајна дека се подготвува целосно ново поколение, кое ќе блесне догодина

Производителот Ford веќе тестира различни прототипови на новиот модел на различни локации низ светот, а ова ново шпиунско видео на Motor1 покажува неколку автомобили седан и хечбек за време на испитувањата. Од кадрите се гледа дека машината ќе има малку поголеми димензии од сегашниот модел. Што ќе се одрази позитивно на просторот во внатрешноста и багажникот.

Исто така, според најавите благодарение на користењето на полесни и композитни материјали, вкупната тежина на Focus би требало да се намали. Што се однесува до палетата на мотори, речиси сите агрегати ќе користат турбо сила, како и сега. Меѓутоа, некои базични верзии може да добијат атмосферски, само за пазарот во Европа. Исто така е планирано подобрување на автоматскиот пренос. По примерот на новата Fiesta, четвртата генерација Focus ќе се придвижи малку нагоре во ценовниот однос. Но ќе понуди доста поудобен ентериер, мноштво нови технологии и богата опрема.

Поврзани вести

Back to top button