fbpx

Ford го одложи пристигнувањето на Mustang Mach-E во Европа

Испораките на долгоочекуваниот електричен кросовер Ford Mustang Mach-E е одложен за неколку европски земји поради пандемијата на коронавирусот

Европските купувачи ќе мораат да се стрпат уште некое време за да го добијат електричниот кросовер на Ford наречен Mustang Mach-E, a според информациите, испораките се поместени за 2021 година во голем број европски земји. Ford планираше Mustang Mach-E да дебитира во Европа во текот на оваа година. Сепак, во пораките испратени до клиентите кои го нарачале својот електричен кросовер потврдија дека поради кризата и општата ситуација која ја предизвика здравствената криза ширум светот, принудени се да ги одложат испораките за следната година. Членовите на Mach-E клубовите од Велика Британија, Франција и Холандија во последните денови примиле мејлови со кои се потврдува оваа вест.

Одложувањето воопшто не треба да претставува изненадување бидејќи голем број на автомобилски производители доцнат со своите премиери и испораки на новите модели поради пандемијата на коронавирусот. Кога станува збор за купувачите во САД, Ford неодамна издаде соопштение во кое се истакнува дека испораките на Ford Mustang Mach-E се уште се планираат за оваа година, иако постои сомнеж дека тоа би можело да се случи пред последниот квартал од годината. Иако Европа требаше да ја има честа прва да го добие електричниот кросовер на Ford, изгледа дека на крајот тоа нема да биде случај, барем не во сите европски земји.

Ford Mustang Mach-E

Во меѓувреме, Ford работи на завршните детали на електричниот Mustang Mach-E. Пред неколку недели беше објавено дека Ford Mustang Mach-Е ќе се полни за околу 30 проценти побрзо од претходно проценетото време. Поточно, во Ford велат дека верзијата со погон на задните тркала може да достигне домет од 100 километри за само 10 минути полнење на станиците за прзо полнење Electrifi America DC. Моделот со погон на сите четири тркала со проширениот нов домет за 10-минутно полнење може да достигне 94 километри.

Ford Mustang Mach-E

Поврзани вести

Back to top button