fbpx

Ford објави нов тизер за Puma ST во пресрет на премиерата

Американскиот производител Ford го објави првиот тизер за Puma ST како најава и подготовка за премиерата која ќе се случи на 24 септември

Ford го објави првиот тизер за Puma ST во мај годинава, но поради очигледни причини, компанијата се фокусираше на други важни активности во следниот период. Сега, на почетокот од август, производителот објави ново кратко тизер видео, како најава за дебито на спортскиот кросовер на 24 септември.

Објавено на Twitter, краткото видео прикажува мали детали од ентериерот и екстериерот на возилото, заедно со реакциите на луѓето кои беа вклучени во развојот на овој кросовер. Puma ST ја комибинира возбудливоста на перформансите на хотхечот заедно со практичноста на мал кросовер. Овој SUV базиран на Fiesta со погон на предните тркала, ќе се напојува со 1,5-литарскиот турбо трицилиндричен мотор, кој испорачува 198 КС и 290 Nm максимален вртежен момент. Од нула до „стотка“ ќе стигнува за околу шест секунди.

Кога ќе се појави во продажба на европскиот пазар, Ford Puma ST речиси ќе биде без вистинска конкуренција во сегментот на мали кросовери, со исклучок на Volkswagen T-Roc, но ниту овој автомобил не претставува класичен перформансен мал кросовер.

Поврзани вести

Back to top button