Не за мерак на Американците, туку на Азијците- Ford Ranger Raptor
Ford го претстави новиот Ranger Raptor- помоќна и робусна верзија на популарниот пикап на брендот
Специјалната верзија ќе се произведува во Тајланд, а сé уште не е познато дали ќе се продава и во Европа.
Погонот тука доаѓа од познатиот 2.0-литарски битурбо дизел од брендот што го знаеме од Edge, Mondeo и S-Max. Моќта е 210 КС, а максималниот вртежен момент е 500 Nm. Моќта ќе биде пренесена на сите четири тркала континуирано преку 10-брзински автоматски менувач, развиен во партнерство помеѓу Ford и General Motors.
Ranger Raptor
Според зборовите на неговите креатори, Ranger Raptor ќе може да се движи со голема брзина непречено на било која површина – без разлика дали е асфалт, кал или песок. Во Ford, исто така, потенцираат дека развојот на овој модел се одвива главно во Австралија, но инженерите на F-150 Raptor, кој е создаден во САД, особено помогнаа во креацијата на новината.