fbpx

Formula 1 почнува на 5 јули, познати термините за првите 8 трки

Датумите за првите осум Formula 1 Гран при трки кои ќе се одржат во Европа од јули до септември се потврдени, а сезоната започнува на 5 јули во Австрија

Formula 1 го презентираше првиот дел од календарот за 2020 година со осум трки кои ќе се одржат на европските патеки со што се означува почетокот на сезоната. Во официјалното соопштение од страна на организаторите потврдено е дека Formula 1 шампионатот ќе започне со двете трки во Австрија на 5 и 12 јули, додека веднаш потоа ќе се одржи и трката за Големата награда на Унгарија на 19 јули. По ова ќе следува двонеделна пауза, а потоа две трки во низа во Велика Британија на патеката Silverstone, па Големите награди на Шпанија, Белгија и Италија.

На Silverstone ќе се вози на 2 и 9 август, додека трката во Барселона на патеката Catalunya е закажана за 16 август. За Големата награда на Белгија е резервиран 30 август, а најбрзиот циркус на планетата во Италија ќе пристигне на 6 септември.

Кога станува збор за остатокот од сезоната и трките на другите континенти, се уште нема детални информации, пред се поради фактот што е неизвесно како ќе се развива ситуацијата поради пандемијата на коронавирусот. Сите трки ќе се одржат без присуство на навивачи, додека учесниците ќе мораат да почитуваат посебни правила за заштита од коронавирусот.

Наскоро се очекува комплетниот календар

Според регулативите на Formula 1, мора да се одржат најмалку 8 трки за да се прогласи шампионот, а токму толку трки ќе с еодржат од јули до септември во Европа. Како и да е, се очекува календарот наскоро да биде збогатен со останатите настани, со оглед на тоа дека ситуацијата има тенденција на стабилизација и подобрување во останатите земји.

„Во изминатите неколку недели работевме напорно со сите наши партнери, со FIA и тимовите со цел да го дефинираме календарот за отворањето на сезоната кој ќе ни овозможи да ја започнеме сезоната безбедно. Задоволни сме да го презентираме календарот со првите осум трки и со задоволство чекаме да го објавиме целосниот календар во следните недели“, изјави Чејс Кери, извршниот директор на Formula 1.

Поврзани вести

Back to top button