fbpx

Франција побара спојување меѓу Renault и Nissan

Француската влада сака да ги обедини автомобилските концерни Renault и Nissan во една холдинг компанија и се надева дека наскоро ќе биде избран нов претседател на бордот на директори на местото на Карлос Гон.

Медиумите наведуваат дека во текот на викендот француска делегација, на чело со претставникот на бордот на директори на Renault, Мартен Виали и шефот на кабинетот на министерот за економија Емануел Мулен, ја посетиле Јапонија, за да одржат преговори. Сегашниот договор во алијансата Renault – Nissan – Mitsubishi дава право на францускиот производител на автомобили да назначи раководител на јапонската марка Nissan.

Не се објавени точни податоци за тоа кого француската страна планира да го именува новиот претседател на одборот на директори, ниту информации за најверојатните кандидати за функцијата на Гон.

Како што се знае, Гон и неговата десна рака во концернот Грег Кели беа уапсени на 19 декември под сомнение дека шефот на NIssan не ги пријавил сите приходи, а тоа го направил со помош на Кели. Големината на непријавени доходи од 2010 до 2017 година се проценува на 8 милијарди јени (околу 71 милиони долари). Гон инсистира дека немало никаква смисла да крие приход.

На крајот на декември обвинителството го продолжи притворот на Гон. Овој пат причината беше сомневање дека компанијата трпи загуби од неговите приватни инвестиции. Загубите изнесуваат 1,85 милијарди јени (околу 21 милиони долари).

Алијансата Renault – Nissan беше формирана во 1999 година, каде Француската компанија поседува 43% од Nissan, а јапонската држи 15% од акциите на партнерот. Во 2016 година Nissan купи 34% од акциите на Mitsubishi Motors, а како резултат на што се формира најголемиот светски автомобилски сојуз, чиј заеднички прададени возлиа во 2017 година изнесуваат 10,6 милиони единици.

Поврзани вести

Back to top button