fbpx

Geely купи акци на Daimler за 4 милијарди евра

Кинескиот производител Geely, неодама му понудил на Daimler да откупи дел од акциите на германскиот гигант по повластена цена со цел создавање своевидно партнерство и започнување на блиска соработка

Кинескиот производител Geely, сопственик на Volvо, London Taxi Company, Proston и Lotua, неодама му понудил на Daimler да откупи дел од акциите на германскиот гигант по повластена цена со цел создавање своевидно партнерство и започнување на блиска соработка. Се разбира, од Daimler, понудата е одбиена и на Кинезите им е посочено дека доколку навистина сакаат нивни акции тоа слободно може да го направат преку берза.

Geely

„Послушните“ кинески челници од Geely го прифатиле овој совет и според наводите на кинескиот Global Timesa, купиле акции на Daimler во вредност од 4 милијарди евра. На тој начин станаа сопственици на 5% од германскиот премиум производител и негов трет најголем поединечен акционер.

Секако дека Geely со ова нема да стане партнер со Daimler и ќе нема пристап до неговите развојни сегменти и технологии, но по ова секако има можност за потенцијална соработка и некаков договор, бидејќи Кинезите сега „се дел“ од гигантот од Штутгарт.

Поврзани вести

Back to top button