Горивата од денеска со поевтини цени
Регулаторната Комисија за Енергетика ги одреди новите малопродажни цени на горивата во нашата држава кои стапија на сила од денес
РКЕ согласно својата методологија за формирање и утврдување на малопродажните цени на горивата, одлучи да ги поевтини горивата во нашата држава. Според ова, цените од ноќеска на полноќ се намалија во просек за 1.03 проценти во однос на минатата недела.
Малопродажните цени на бензините Eуросупер БС-95, како и на Еуросупер БС-98 се намалуваат за половина денар, а истото важи и за Еуродизелот.
Ова значи дека од денес, па се до следниот понеделник, цената на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 76,50 денари, литар Еуросупер БС-98 ќе се точи за 78,50 денари, додека Еуродизелот ќе се продава по цена од 67,50 денари.
Од РКЕ истакнуваат дека во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат намалување кај бензинот за 2,637% , а кај дизелот за 2,055%.