fbpx

Дали дизел или бензин моторот е поеколошки?

Германското Министерство за транспорт објави резултати од студијата, според која купувањето на нов дизел автомобил не значи дека ќе биде поеколошки отколку бензин, туку двата агрегати индентично ја загадуваат околината

Funke Media Group откри дел од извештајот на Министерството со детали за факторите на животната средина на двата типа на мотори. Според информациите, голем дел од дизел автомобили регистрирани минатата година просечно имаа емисија од околу 128 g CO2/km. Во исто време, резултатот на бензинските мотори е 129 g. Разликата во емисиите помеѓу двата типа на мотори во текот на изминатите 10 години, секогаш била, исто така мала. За конкретниот период, се известува дека количината на ослободени емисии постепено се намалува. Според Autonews, една причина зошто емисијата е речиси иста, е дека дизел моторите се користат во потешки и помоќни автомобили, во однос на бензинските.
Funke Media Group
– Митот дека дизелот е почист не е факт. Овој тип мотор не ги задоволува теоретските придобивки за животната средина, како што тврдат експертите, па треба да се размислува за бензинците, рече експертот за транспорт, Стефан Квен.
Funke Media Group
Извештајот беше изготвен откако германското Министерство за транспорт ја објави својата намера да повлече околу 12 милиони дизел автомобили за да го обнови нивниот софтвер за мотори. Цената на акцијата ќе чини околу 2 милијарди евра. Официјалната одлука мора да се донесе пред изборите.

Поврзани вести

Back to top button