fbpx

Hyper Tourer е последниот од трите концепти на Nissan

Nissan го претстави и третиот во низата нови концепти кои ќе се појават на Салонот во Јапонија и се нарекува Hyper Tourer Concept

Nissan го претстави третиот од своите концепти за електрични возила кои доаѓаат на саемот за мобилност во Јапонија 2023, почнувајќи од следната недела. Оваа најнова креација е наречена Nissan Hyper Tourer Concept и има форма на електричен миниван.

Слично како Hyper Adventure Concept и Hyper Urban SUV Concept претставени од Nissan во последните неколку недели, Hyper Tourer Concept има остар надворешен дизајн сосема разчличен од сите сегашни сериски модели на Nissan. Предниот дел има особено импозантен изглед со остри линии и е уредно поврзан со задниот дел со бела линија на половината која служи како LED светлосна лента.

Nissan Hyper Tourer Concept

Страните на концептот Hyper Tourer се подеднакво драматични со сложен дизајн на тркалата и интересен дизајн на вратите. Исто така, стаклената површина преовладува на горната половина на концептот, што дозволува изобилие на светлина во кабината.

Целосно автономно возење

Кога станува збор за кабината, Nissan вели дека употребата на целосно автономно возење систем значи дека предните седишта можат да се вртат за 360 степени и како такви, можат да бидат свртени кон задните седишта. Дополнително, оние што седат во вториот ред можат да стават дисплеј што може да се носи што ќе им овозможи да ги гледаат и управуваат и навигациските и аудио контролите на главниот екран за инфозабава напред. Концептот има дури и напреден систем за вештачка интелигенција кој може да ги следи мозочните бранови, отчукувањата на срцето, дишењето и потењето на патниците и соодветно да ги приспособи музиката и осветлувањето.

Nissan вели дека концептот Hyper Tourer е „приспособен кон поединци кои ги ценат пофините нешта во животот и уживаат во друштво на пријатели и соработници, без разлика дали се на пат или на деловен излет“. Пространата внатрешност е постигната благодарение на компактните погонски компоненти кои вклучуваат батерии во цврста состојба и систем за погон на сите тркала e-4ORCE. Концептот има и функционалност „Vehicle-to-Everything“ (V2X), што значи дека батеријата може да се користи за напојување на дом, продавница или канцеларија.

Поврзани вести

Back to top button