Hyundai го покажа изгледот на освежениот Tucson
Освежениот Tucson има целосно нов ентериер со панорамски заоблен дисплеј, ажурирана опрема и променет преден дел
Hyundai го покажа фејслифтираниот Tucson во пресрет на неговото лансирање во Европа. Иако однадвор може да изгледа повеќе или помалку ист како и досегашниот модел, забележливо е дека предната решетка е рестилизирана, а најголемите промени се направени во внатрешноста.
Компанијата не открива многу детали за кросоверот во овој момент, но го истакнува „еволуираниот“ дизајн на Parametric Dynamics кој е инстантно препознатлив. Кросоверот усвојува нова решетка и ажурирани Parametric Jewel светла.
Ажурирањата на екстериерот продолжуваат подолу на предниот дел со изменет браник и заштитна плоча за подвозјето. Останатите промени се ограничени, но производителот на автомобили рече дека купувачите можат да очекуваат нови тркала и ревидиран заден дел.
Навикнати сме да гледаме радикални промени при рестилизацијата во средината на животниот век на возилата од Hyundai, Kia и Genesis, а ниту освежениот Tucson не е исклучок, барем кога станува за ентериерот. Внатрешноста изгледа како да припаѓа на модел од следната генерација бидејќи контролната табла е целосно реконфигурирана.
Променет ентериер
Пред возачот сега се наоѓа минималистички волан со три краци и потрадиционална контролна табла. Последната промена му овозможува на кросоверот да биде опремен со панорамски заоблен дисплеј, кој се состои од 12,3-инчен дигитален инструмент кластер и соодветен 12,3-инчен инфозабавен систем, присвојувајќи го пристапот на електричниот Ioniq 5. Како и кај електричниот кросовер, логото на Hyundai на воланот е заменето со четири точки, што е Морзеова шифра за буквата „H“. Подолу на контролната табла има нова разводна опрема и преместени отвори за воздух. Ним им се придружува нова централна конзола, која има безжичен полнач за паметни телефони и два држачи за чаши. Од друга страна, менувачот е преместен во управувачкиот столб и сега има голем број физички контроли.
Повеќе информации за освежениот Tucson ќе дознаеме во наредните недели, но корејската верзија ќе се нуди во две нови бои познати како Fine Green Matte и Ultimate Red Metallic. Производителот на исто така најави дека ќе можеме да очекуваме нов три-тонски ентериер со нијанси на зелена, црна и сива боја.
Во овој момент нема информации за деталите за погонската група, но претходните извештаи сугерираа дека може да има мали подобрувања во целиот избор.