fbpx

Hyundai инвестира во програма за споделување на автомобили во Индија

Hyundai Motor Company објави дека ќе соработува со најбрзо растечката програма за споделување на автомобилите во Индија – Revv, за да развие иновативни услуги за мобилност и понатаму да ги промовира производите на брендот во земјата.

Иницијативата на компанијата во Индија им овозможува на двете страни да ја потврдат својата позиција на еден пазар. Овој пазар демонстрира експоненцијален бизнис развој во последниве години, од 900 милиони долари во 2016, до 1,5 милијарди долари во 2018 и 2 милијарди долари во визиите за 2020 година. Hyundai, исто така, очекува бројот на достапни заеднички возила во Индија да се зголеми.

Од околу 15.000 на 50.000 во 2020 година и до 150.000 во 2022 година. Како една од причините за овој сериозен развој, од Hyundai  го посочуваат фактот дека младите (родени помеѓу 80-те и 90-те години на минатиот век), кои се и главните корисници на услугите за споделена мобилност, формираат 35% од вкупното население на земјата.

Hyundai

Поврзани вести

Back to top button