fbpx

Hyundai и Kia планираат 38 нови еко-модели

Hyundai и другиот корејски бренд во негова сопственост - Kia, планираат да лансираат 38 електрични и хибридни модели во следните 8 години

Првите 7 од нив ќе се појават во претстојните 60 месеци.

Повеќето од овие еколошки модели ќе се електрични, прецизираа од компанијата која сега го нуди Hyundai Ioniq во три верзии, неколку хибридни модели и ix35 со горивни ќелии. Kia пак, продава електрична верзија на популарната Soul.

Во Hyundai развиваат над 10 години електрични и хибридни технологии, а аналитичарите покажуваат дека главната предност при промоцијата на новите модели ќе е тоа дека станува збор за достапни автомобили, што ќе обезбеди доаѓање на овие технологии на поширокиот пазар.За првите девет месеци од годината Hyundai забележа 186.000 продадени еколошки автомобили – електрични и хибриди.
Kia
На овој начин Hyundai најавува дека е подготвен за битка со најголемите, на пример, VW планира да понуди електрична верзија на секој модел до 2030 година, а од GM објавија дека гигантот развива електрични варијанти на 20 модели кои треба да излезат на пазарот до 2020 година. Renault, BMW и Daimler се веќе присутни сериозно на пазарот на електрични автомобили.
Kia

Поврзани вести

Back to top button