fbpx

Hyundai објави тизер фотки од „вселенскиот брод“ Staria

Како и повеќето производители, така и Hyundai се насочува кон SUV и кросовер автомобилите, но не се откажуваат ниту од миниван моделите

Hyundai наскоро ќе го прикаже својот нов миниван во понудата, што е навистина необично со оглед на тоа дека сите производители се насочуваат кон збогатување на својата кросовер понуда. Но, корејскиот производител и покрај тоа што има навистина богата гама во најбрзорастечкиот сегмент на светот, не се откажува од MPV возилата. Доказ за тоа е и најновиот тизер кој го објави за моделот Staria, кој ќе биде понуден на одредени пазари, иако од Hyundai не откриваат каде поточно.

Престојниот миниван се карактеризира со футуристички дизајн на екстериерот, а корејската марка вели дека потсетува на вселенски брод. На предниот дел доминира долгата LED лента која се протега од еден до друг крај, додека светлосните групи се поставени нешто подолу на двете страни од широката решетка. На страните се наоѓаат лизгачки врати со големи прозорци и висока покривна линија, додека на задниот дел се наоѓаат задните светла монтирани на рабовите и содржат повеќе LED светла кои наликуваат на пиксели, нешто што е новина во дизајнерскиот јазик на Hyundai, а е забележано кај новиот Ioniq 5.

Премиум елементи во ентериерот

Од Hyundai велат дека Staria ќе понуди „премиум комфорт и погодност“, со што ќе биде „идеално и за работа и за семејна употреба“. Кабината се одликува со голем инфозабавен систем на централната конзола. Од она што може да се забележи, не постои видлив и екран посветен за возачот, па освен во случај да користи head-up екран за оваа намена, клучните информации веројатно ќе се прикажуваат на централниот екран.

Staria

Тука е и селекторот за возачки режими преку кој се стигнува со едно копче, по примерот на Santa Fe, голем број на простори за остава и индивидуални седишта кои веројатно се резервирани за највисокото ниво на опременост, заедно со кожниот тапацир и други елегантни додатоци.

Од Hyundai засега не соопштуваат други детали за Staria, а повеќе информации се очекуваат во следните недели.

Поврзани вести

Back to top button