fbpx

Hyundai објави тизер за необичното возило Soapbox

Hyundai го објави првиот тизер за престојното еколошко возило наречено Soapbox кое е инспирирано од минатогодишниот концепт 45

Корејскиот производител Hyundai со тизер фотографија го најавува својот еколошки модел, но треба да се напомене дека не станува збор за електрично возило, туку за soapbox тркач, односно гравитациско возило кое нема мотор и се користи за тркање по надолнини.

Hyundai засега ги држи деталите во тајност, но моделот е креиран од страна на европскиот дизајнерски центар на компанијата и, интересно, наречен е Soapbox. Како што може да се забележи од фотографијата, возилото се карактеризира со трапезоидна форма, обоено е во жолта боја и има мало Hyundai лого на страната. Моделот исто така има црвени тркала, истакната рачна сопирачка и солидна осовина.

Иако нема некој атрактивен изглед, од Hyundai велат дека „експонираните тркала и ниско поставената рамка му даваат динамичен карактер на возилото“. Тие исто така додаваат дека линиите употребени кај Soapbox се јасна референца на концептот 45.

Тоа можеби е премногу, но Hyundai наведува дека моделот е класичен soapbox тркач, што самото име посочува дека станува збор за „гравитациско безмоторно возило кое традиционално се користи во детски трки на удолници“. Од компанијата истакнуваат дека овие возила оригинално биле правени од отфрлени дрвени сандаци за сапун, но денес се карактеризираат со модерен и софистициран дизајн.

Од Hyundai истакнуваат дека ова не е уникатен проект, со оглед на тоа дека ги истакнаа плановите за да направат дизајн инспириран од традиционалните soapbox тркачи кои ќе бидат достапни за купувачите ширум Европа. Што значи сето ова останува нејасно, но сугерира дека компанијата или ќе почне да го продава својот Soapbox во Европа, или ќе нуди опрема за купувачите самите да можат да изградат свое возило.

Поврзани вести

Back to top button