fbpx

Hyundai по грешка ги објави спецификациите за Ioniq 5

Електричниот автомобил на Hyundai, моделот Ioniq 5, наскоро се очекува да пристигне на пазарот, а е базиран на ланскиот 45 Concept

Австриското одделение на Hyundai направи грешка, откако ги откри клучните детали за престојниот електричен автомобил на корејскиот производител, моделот Ioniq 5, кој ќе биде продукциска верзија на минатогодишниот 45 Concept. Електричниот автомобил, наводно, ќе има моќност од 313 КС, a Hyundai таргетира автономија од 450 километри според WLTP. Автомобилот се очекува спринтот до „стотка“ да го достигне за 5,2 секунди.

Веројатно најимпресивната карактеристика е тоа што на 800-волтен брз полнач, Ioniq 5 ќе може да ја наполни батеријата од 20 до 80 проценти за само 15 минути. Исто така, наводно ќе поседува и соларен панел на покривот со цел да ја одржува батеријата полна.

Овие информации се достапни според страната за резервирање на автомобилот поставена од страна на Hyundai Austria. Страната треба да им овозможи на заинтересираните купувачи да остават депозит од 1.000 евра со цел да си направат резервација за автомобилот онлајн.

Ова е исклучително популарен начин за автомобилските производители за да ја зголемат возбудата околу новите автомобили. Резервациите на конкретниот сајт се за првите 150 First Edition модели кои ќе се продаваат во земјата и открива некои од клучните карактеристики.

Hyundai Ioniq 5

„Протекувањето“ на овие информации исто така најавуваат дека Ioniq 5 ќе биде 4.630 милиметри долг. Тоа е 152 милиметри пократко од Santa Fe и 457 милиметри подолг од Kona, со кого се очекува да има иста висина. Ioniq 5 е поставен на новата E-GMP електрична платформа на Hyundai, а дизајнот се очекува да биде базиран на 45 Concept автомобилот.

Поврзани вести

Back to top button