fbpx

Hyundai прави „урбан аеродром“ за летечки автомобили во Англија

Фокусот кон летечките автомобили е се поголем, а големите компании, меѓу кои и Hyundai, сериозно размислуваат за развој на ваквите возила

Компаниите се повеќе и повеќе почнуваат со истражување на сегментот на летечките автомобили. Токму поради тоа, неопходна е и инфраструктура за истите. Во Англија сега и официјално започна изгардбата на првиот аеродром за летечки автомобили. Компанијата Urban-Air Port се здружи со Hyundai и британската влада за да го лансираат првиот „центар за идните eVTOL возила“.

Според информациите од Hyundai, овој „урбан аеродром“ кој е наречен Air-One, ќе биде лансиран подоцна оваа година. Се очекува да се изврши и демонстрација која ќе прикаже полетување и слетување во овој центар кој се наоѓа во Ковентри. Целта е да се покаже колку помалку сообраќаен метеж ќе има доколку се користат летечки автомобили.

„На автомобилите им се потребни патишта. На возовите им се потребни шини. На авионите им требаат аеродроми. Летечките автомобили ќе имаат потреба од урбани аеродроми. Пред стотина години, се направи првиот комерцијален лет, со што создаде модерниот конектиран свет“, вели Рики Санду, извршниот директор на Urban Air Port.

Урбаниот аеродром Air-One е за 60 проценти помал во однос на традиционалниот хелиодром. Тој може да се изгради за само неколку дена и локацијата може да биде преместена во случај на таква потреба.

Urban Air Mobility дивизијата на Hyundai го избра Urban Air Port како свој партнер бидејќи дури и eVTOL возилата мораат некаде да бидат стационирани.

„Air-One е уникатен проект кој е подготвен да помогне да се предводи патот кон развој на робусна, пристапна и интермодална инфраструктурна мрежа за идната мобилност“, изјави Памела Кон, извршен директор на Urban Air Mobility дивизијата на Hyundai.

Hyundai

 

Поврзани вести

Back to top button