fbpx

Hyundai со прв тизер за i20 N

Hyundai ги објави првите тизер фотографии за престојниот i20 N за моделската 2021, кој треба да пристигне на пазарот во првата половина на следната година

Јужнокорејскиот производител Hyundai беше „уловен“ како го тестира својот хот хеч во Нирбургринг последниве месеци, а сега објави две тизер фотографии за својот i20 N модел кои покажуваат дека автомобилот ќе ја следи дизајнерската филозофија на својот поголем брат, моделот i30 N.

На предната страна дизајнерите сместиле поголеми отвори за воздух додека исто така е поставен светло црвен сплитер. Овој хот хеч исто така е прикажан со црвени N сопирачки и сет 18-инчни тркала. Исто така забележливи се црвените странични прагови и задниот спојлер кој се протега од покривот. Примерокот кој е фотографиран за тизер кампањата се одликува и со N Performance Blue бојата, но има и Phantom Black детали на столбовите, ретровизорите, покривот…

Со сето ова, престојниот i20 N изгледа многу поагресивно од своите ривали на пазарот. Hyundai допрва треба да ги потврди спецификациите за погонот за малиот хот хеч. Се очекува да пристигне со 1,6-литарски четирицилиндричен турбо мотор со околу 200 КС. Овој мотор ќе биде во комбинација со шестстепен мануелен менувач кој ќе ја испорачува моќноста на предните тркала преку диференцијал со ограничено пролизгување.

Се наведува на тоа дека автомобилот ќе се продава исклучиво и ексклузивно со мануелен менувач, но со оглед на тоа дека i30 N и Veloster N неодамна добија и опционален осумстепен менувач со двојна спојка, не е исклучено и i20 N да ја следи оваа пракса подоцна.

Поврзани вести

Back to top button