Иако минимално, РКЕ продолжува со поскапувањата на горивата
Регулаторната комисија за енергетика не отстапува од својот тренд на поскапување на цените на горивата во нашата земја
Со оглед на се повисоките цени на нафтата на светските пазари, очекувано е да продолжи и трендот на поскапување на нафтените деривати во нашата земја. Со својата најнова одлука, Регулаторната комисија за енергетика ќе изврши зголемување на цените од 0,55 проценти во однос на минатата недела.
Според оваа одлука, цените на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 од вечерва на полноќ поскапуваат за половина денар, додека цената на Еуродизелот останува иста како и претходната недела.
Тоа значи дека од ноќеска на полноќ литар Еуросупер БС-95 ќе се точи по цена од 66 денари, додека Еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 68 денари по литар гориво. Еуродизелот останува на 56 денари по литар.
Од РКЕ истакнуваат дека Во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат зголемување кај бензинот за 1,397% додека кај дизелот има намалување за 0,124%