Новиот Infiniti QX50 ќе добие револуционерен бензински мотор
Infiniti ќе го претстави својот нов QX50 кросовер за време на автосаемот во Лос Анџелес
Автомобилот ќе биде за моделската 2019 година и ќе го добие најиновативниот бензински мотор на јапонскиот производител.
Новата генерација на кросоверот QX50 ќе биде опремена со мотор со внатрешно согорување со специјална технологија, патентиран од Infiniti. Моторот ќе биде 2.0-литарски и ќе развие 268 КС и 390 Nm. Единицата има добиено посебен систем (VCR), кој користи промена во степенот на компресија.
Благодарение на тоа, моторот не само што е многу динамичен, но исто така нуди ниска потрошувачка на гориво. Тоа го тврдат експертите, кои веќе можеа да го тестираат QX50 со новиот мотор. Самиот VCR систем е развој на матичната компанија Nissan и претставува сложена комбинација на механички врски кои работат со наизменична струја. Моторот располага со турбополнач, како и со директен систем за вбризгување на гориво.