fbpx

Insignia GSI – нов Опелов владетел на Нирбургринг

Најмоќната верзија на Opel Insignia во моментот, која го носи индексот GSI, под чија хауба е 2.0-литарскиот турбо мотор со 260 КС

Најмоќната верзија на Opel Insignia во моментот, која го носи индексот GSI, под чија хауба е 2.0-литарскиот турбо мотор со 260 КС , со 8-брзински автоматски менувач и 4х4 механизам, е побрза од претходната генерација на Insignia OPC на патеката Нирбургринг.

Insignia GSI

Иако моторот и моќта се помали од оние на претходната генерација на Insignia OPC, податоците за брзината и темпо на GSI зборуваат категорично. Новата изведба, не само теоретски, туку и во на пракса е подобра од својот претходник. Без да даде точно време, Opel објави дека GSI е за скоро 12 секунди побрза од OPC на легендарната германска патека Нирбургринг.

Во голема мера тоа се должи на помалата тежина на новиот седан. Како и на одличните подесувања на суспензијата. Да не заборавиме и на двојниот пренос – torque vectoring. Тој ја пренесува моќноста од моторот до секое едно тркало на најдобар начин согласно условите на патот.

 1. Insignia GSI | Insignia GSI
 2. Insignia GSI | Insignia GSI
3. Insignia GSI | Insignia GSI

    Поврзани вести

    Back to top button