Италија направи поштенска марка во чест на Pininfarina
Италија одлучи да направи специјална поштенска марка во чест на италијанското дизајнерско студио Pininfarina во чест на 90-годишнината на компанијата
Pininfarina Modulo е футуристички концепт кое е дело на италијанското дизајнерско студио и производител на каросерии, претставен во 1970 година на Салонот во Женева. Направен врз шасијата на Ferrari 512S, Pininfarina Modulo претставуваше експериментален прототип кој се одвојуваше од традиционалниот стајлинг во тоа време. Сега, Modulo повторно е актуелен откако Италија одлучи да го постави на поштенска марка во чест на 90-годишнината на италијанската компанија.
Само за напомена, Pininfarina Modulo освои 22 меѓународни дизајнерски награди, вклучително и престижната „Award For Design Excellence“ од „Automobile Quarterly“ поради „чистото формално истражување во својата намерна геометричност“. Modulo во целост претставуваше сето она што компанијата Automobili Pininfarina е способна да го направи. Во чест на 90 години од формирањето, италијанското министерство за економски развој објави нова поштенска марка на која се наоѓа Modulo на бела позадина и ќе се испечати во серија од 400.000 копии. Секоја марка ќе чини 1.10 евра.
Целата церемонија се одржа во Pininfarina Cambiano просториите во Торино.
„Автомобилскиот дизајн го пресретнува фацинантниот свет на филателијата и му дава живот на ова минијатурно ремек дело“, изјави претседателот Паоло Пининфарина. „Ова понатамошно препознавање е прекрасен подарок за нашата годишнина. Ова е доказ дека по 90 години, ние продолжуваме да живееме во колективна имагинација како симбол на италијанскиот стил, кој комбинира елеганција и иновација кои остатокот од светот ги идентификува во нашата земја“.
Поштенската марка исто така го прикажува и Pininfarina 90 логото со цел да го одбележи целиот повод. Извршниот директор на Pininfarina, Силвио Ангори изјави дека футуристичкиот дизај на Modulo е олицетворение на мисијата на компанијата, односно секогаш „да се антиципира иднината на базата на нашите соништа и да се интерпретира технологијата на емоционален начин“.