Jaguar пред Audi и Porsche
Jaguar ги има сите шанси да ги надмине германските ривали Audi и Porsche во битката за да стане првиот премиум производител кој ќе понуди сериозна алтернатива за луксузните модели на Tesla
Имено Jaguar I- Pace е првиот електричен автомобил од најавените, чиј старт е во март следната година.
Сепак, ова сè уште не е официјално потврдено од британската компанија, која веќе објави дека I- Pace ќе дебитира на пазарот во 2018 година, но без дополнителни детали. Следната година и Audi ќе има новина на ова поле, но според најновите податоци од Volkswagen Group, e- tron ќе биде само претставен, а ќе започне со производство во почетокот на 2019 година.
Во исто време, продажбата на електричниот седан Porsche Mission E се очекува да започне кон крајот на 2018 година, предвидува LMC Automotive, која го анализира европскиот автомобилски пазар. Jaguar го претстави концептот I-Pace во 2016 година и беше објавено дека сериската верзија ќе има автономија повеќе од 500 километри со едно полнење.
Овие податоци се точни според системот на NEDC, кој ја мери километражата на нови автомобили во Европа, но за државите каде што мерењата се многу поблиску до реалноста, автономијата е всушност над 355 km со едно полнење. Се очекува серискиот I- Pace да дебитира во Женева во март. Во септември, компанијата објави дека веќе имаат 25.000 потврдени нарачки.
Се претпоставува дека во Велика Британија цената на I- Pace ќе биде 60.000 фунти, што е сериозна предност во споредба со основната цена на Tesla Model X, која изнесува 70.880 фунти. Audi и Porsche, исто така, објавија дека опсегот на нивните електрични автомобили ќе биде околу 500 километри со едно полнење.