Jaguar официјално со „освежениот“ F-Type
Изминатите денови се појавиja фотографии од обновениот F-Type, но редизајнираниот производ на Jaguar ја доживеа својата официјална промоција синоќа
Британскиот премиум произведувач Jaguar ја претстави редизајнираната верзија на својата перјаница F-Type во купе и кабриолет варијанта.
Кога станува збор за изгледот, „освежениот“ F-Type пристигнува со поелегантни, но сепак спортски линии, најнапредни технолошки системи и нов мотор. Најголемите промени ги доживеа предниот дел кој е направен по примерот на поновите модели на оваа марка. Во секој случај, тука во однос на претходниот модел на F-Type имаме поинакви светла, модифицирана маска и хауба, благо редизајниран заден дел, поинакви тркала…
Исто така, F-Type доби и помодерен ентериер.Тука е најновиот Touch Pro инфозабавен систем (so Android Auto и Apple CarPLay), а тука е и 12,3-инчната дигитална инструмент табла.
Основната верзија ќе биде со 2.0-литарски турбо четирицилиндарски мотор со 300 КС. Потоа следува 5.0-литарски V8 агрегат со компресор кој развива 450 КС и 580Nm. Последниот мотор доаѓа со 8-степен автоматски менувач, кој исто така е достапен и со опционен погон на сите четири тркала. Забрзувањето од 0 до 60 милји на час (96 km/h) трае 4,4 секунди, а најголемата брзина изнесува 285 километри на час.
На врвот на оваа гама е унапредениот F-Type R кој сега има 575 КС и 700 Nm, доволно за забрзувањето до 96 km/h да изнесува 3,5 секунди, а најголемата брзина достигнува 299 km/h.
Нова интересна функција
F-Type R освен силниот мотор го одликуваат преработената суспензија со прилагодливи амортизери, „анти-рол барови“, како и пошироки 20-инчни алуминиумски тркала со сјајна црна завршница. F-Type со V8 моторот го карактеризира и новата Quiet Start функција, која овозможува стартување на автомобилот без да се грижите дека ќе ги разбудите своите соседи.
На американските купувачи ќе им се нуди и 3.0-литарски V6 мотор со 385 КС, кај кого стандардно се добива и погон на четири тркала, LED диференцијал и вектори на вртежен момент.
Редизајнираниот F-Type веќе може да се нарача во Велика Британија со почетна цена од 54.060 фунти.